Дигитална платформа

DIGIBOOKS (https://expressdigibooks.com/) е меѓународно-призната дигитална платформа за учење и настава (LMS) дизајнирана за самостојно користење од страна на учениците, на наставниците и на образованиот менаџмент.

Учениците имаат можност за самостојна работа, со внес на кодот од книгата, и со селекција на Member role.

Наставниците имаат можност за гејмификација на содржините од учебникот, за  мултимодални задачи, за внесување забелешки, продуцирање и групна дистрибуција на  задачи, следење на прогресот на учениците, креирање и експорт на извештаи за наставата, и идентификација на слабостите и јаките страни на секој ученик.

Образовниот менаџмент добива можност за колективно и брзо креирање на 1000 профили (наставници и ученици), организирање и мониторинг нa образовниот процес во училиштето, креирање и експорт на извештаи за наставата и транспарентна институционална култура за размена  на податоци и комуникација со целиот наставен персонал.

Платформата може да се користи на секаков уред и на секаков оперативен систем.

Ако сте наставник – поединец, погледнете ја презентацијата за користење на платформата тука.

Ако сте директор на настава, погледнете ја презентацијата за користење на платформата тука и тука.

Ако сте ученик – поединец , погледнете ја презентацијата за користење на платформата тука.

 

DIGIIWB е интерактивна табла, совршено интегрирана и за физичките и за виртуелните наставни часови, со што се поттикнува наставното искуство, динамиката на ангажирање во наставниот процес и соработката. Лeсната навигација на овој софтвер овозможува едноставна употреба, а гејмификацијата поттикнува интеракција на час. Флексибилните можности на софтверот овозможуваат конструктивно и заедничко корегирање на грешките при учењето. Достапно е да се користи од секаде, и придонесува за едноставна, компактна и фокусирана настава.

Пишани инструкции за овие прoдукти за сите образовни учесници поединечно (ученици, наставници и  образовниот менаџмент), може да најдете тука.

За насЕкспрес Бук
Експрес бук ЕЛТ дооел Скопје е ексклузивен дистрибутер на британско-грчкиот издавач Express Publishing (1988 g.), и сите негови изданија за изучување на англискиот јазик за сите возрасти.
Пронајдете неЛинкови до социјални мрежи
Поврзете се со нас на следните профили:
За насЕкспрес Бук
Експрес бук ЕЛТ дооел Скопје е ексклузивен дистрибутер на британско-грчкиот издавач Express Publishing (1988 g.), и сите негови изданија за изучување на англискиот јазик за сите возрасти.
Пронајдете неЛинкови до социјални мрежи
Поврзете се со нас на следните профили:

Сите права се задржани – Експрес Бук.
Развиено од Клевер Маркетинг

Сите права се задржани – Експрес Бук.
Развиено од Клевер Маркетинг