Понеделник - Петок10:00 - 17:00
АдресаУл. Железничка, 50/1, 1000 Скопје
Социјални мрежи

Политика за приватност, изјава за заштита на лични податоци

Одговорност за почитување на приватноста на корисникот

Експрес бук ЕЛТ е посветена на почитување на принципот на приватност при собирање, користење и заштита на податоците на корисниците. Во согласност со овие принципи, Експрес бук ЕЛТ:

  • Доставува известување до корисниците за практиката на собирање податоците
  • Овозможува избор за користење на податоците, за маркетинг цели
  • Обезбедува опции за ажурирање или менување на податоците
  • Ја ограничува пристапноста до вашите информации
  • Овозможува контакт во врска со прашања поврзани со заштитата на приватноста

Експрес бук ЕЛТ ги почитува своите клиенти и е посветена на законско управување со личните податоци на клиентите. Се посветува внимание на личните податоци, во согласност со постојното законодавство за заштита на приватноста и во согласност со внатрешните стандарди и практики.

Политика за заштита на приватноста на ЕКСПРЕС БУК ЕЛТ

Оваа политика вклучува информации и практики за заштита на приватноста што ги применува Експрес бук ЕЛТ, а се детално опишани на веб-страницата www.expressbook.mk како и други настани и објави од страна на Експрес бук ЕЛТ. Со самото доставување на вашите лични податоци, давате согласност за нашата практика на користење податоци, како што е опишано во оваа изјава за политика на приватност.

Применливоста на оваа политика не се однесува на веб-страници надвор од доменот на www.expressbook.mk, до кои се пристапува преку веб-страницата Експрес бук ЕЛТ преку линкови од други интернет презентации(претставувања) во сопственост на трети лица. Во исто време, би сакале да укажеме на Политиката за приватност, со цел запознавање со методите на собирање, користење, размена и заштита на вашите лични податоци.

Видови известувања за корисници

  • Е-билтени
  • Е-пошта и обична пошта
  • Е-анкети
  • Каталози
  • Телефонски повици

Видови на земање на информации

Ова се информациите што на Експрес бук ЕЛТ ѝ е дозволено да ги побара:

  • Контакт информации на корисниците (име, презиме, поштенска и е-адреса, телефонски број)
  • Информации за начините на плаќање и испораката (број на кредитна картичка, адреса за испорака)
  • Информации за личниот избор (список на посакувани производи, мислења и препораки за производи/услуги)

Збир на потребни информации

За време на купувањето или за време на користењето на нашите услуги, може да ги побараме следните лични податоци во следниве околности:

  • За времето на испораката
  • За времето на купување на производи
  • При интернет-регистрација на клиентите
  • За време на користење на одредена услуга
  • За време на анкетирањето на клиенти или натпревари за награди
  • При контакт преку веб-страницата или директно во просториите на Експрес бук ЕЛТ
  • При учество во други активности организирани од Експрес бук ЕЛТ

Користење на податоците

Собраните информации може да се користат во следниве околности и ситуации и настани:

  • Пополнување на барање/образец за информации
  • Нови понуди за производи и услуги
  • Објавување на други деловни активности
  • Натпревари, анкети и настани
  • Подобрување на ефективноста на нашата веб-страница, маркетинг активности и понуди
  • Спроведување на анкети и анализи

Собирање информации за или од други лица

Доколку ни дадете информации за други лица или ако други да дадат информации за вас, тие информации ќе се користат само за целта за која се дадени.

Упатување на лични податоци

www.expressbook.mk не ги продава или изнајмува вашите лични податоци на трети лица.

Обезбедување безбедност на личните податоци

Без разлика дали креирате барање за купување, купувате на нашата веб-страница или во нашите простории, ние спроведуваме мерки за заштита кои спречуваат губење, злоупотреба или неовластен пристап до вашите лични податоци. www.expressbook.mk не ја гарантира безбедноста на сите податоци што се пренесуваат преку е-пошта, така што актот за е-пошта е ваша одговорност.

Со оглед на фактот дека безбедноста на вашите лични податоци е висок приоритет, преземени се одредени активности кои овозможуваат доверливост, точност и безбедност на преносот на податоците.

Со цел да се подигнат безбедносните нивоа, при креирањето на деталите за најава на нашата веб-страница, потребно е да креирате лична лозинка која ќе содржи доволен број знаци, вклучувајќи комбинација од број/буква, според наведените упатства. Вие сте одговорни за доверливоста на вашата лозинка и за податоците дадени во сметката за најавување.

Користење на интернет колачиња и други технологии за собирање податоци

Интернет-колачињата се мали бази на податоци што се испраќаат до вашиот читач на интернет преку веб-страницата или е-поштата, што може да се зачува од вашиот хард диск. Нашата веб-страница и е-пошта користат интернет колачиња за максимална персонализација на постапката за купување преку нашата веб-страница.

Колачињата симулираат трајна врска. Ова овозможува складирање на информации за вашите пребарувања и вашите веб-сесии и овозможува пристап до веб-страницата без повеќекратна персонализација.

Веб-прелистувачот може да се прилагоди да не прифаќа интернет колачиња. Во таков случај, сè уште ќе можете да ја прегледате нашата веб-страница, но нема да можете да креирате корисничка сметка или да направите нарачка.

Нашиот веб-сервер автоматски собира информации како што е (URL) веб-страницата од која дојдовте, пребаруваните страници, веб-прелистувачот што се користи за прегледување на нашата веб-страница и други статистички податоци кои помагаат да се разбере како нашите посетители ја користат нашата веб-страница.

Веб-страницата www.expressbook.mk користи услуги обезбедени од трети страни кои обезбедуваат во наше име и преку Интернет, анализа на сообраќајот и веб-посетите на нашата веб-страница. На овој начин, може да се соберат анонимни информации при вашата посета на нашата веб-страница и вашата интеракција со нашите информации. За таа цел, може да се користат технологии слични на оние опишани погоре, за мерење на ефикасноста на купувањето и е-пошта.

Ажурирање на лични податоци

www.expressbook.mk се обврзува на точноста и комплетноста на вашите лични записи. Овозможивме неколку методи за ажурирање за оваа намена.

Доколку сте креирале корисничко име на www.expressbook.mk, можете да ги ажурирате вашите записи за време на најавувањето или преку:

  1. Испраќање на барањето преку е-пошта на info@expressbook.mk
  2. Испратете писмо на нашата поштенска адреса: Експрес бук ЕЛТ, ул.Железичка, бр.50/1, 1000 Скопје, Република С. Македонија

Без разлика дали преку е-пошта или контактирате со нас преку писмено барање по пошта, ве молиме погрижете се да обезбедите точни записи и промени што сакате да ги направиме.

Збирка на записи од малолетници

www.expressbook.mk нема доброволно и намерно да се вклучи во собирање лични податоци преку Интернет од малолетници на возраст помала од 14 години, како дел од нашата заложба за заштита на децата.

Доколку имате прашања или поплаки кои се однесуваат на приватноста и безбедноста на вашите лични досиеја, или ако имате какви било сомнежи или какви било закани по приватноста и безбедноста, ве молиме контактирајте не на кој било од долунаведените начини:

  1. Јавете се на 389(0) 71 331 208
  2. Испратете е-пошта на info@expressbook.mk
  3. Испратете писмо на нашата поштенска адреса: Експрес бук ЕЛТ, ул.Железичка, бр.50/1, 1000 Скопје, Република С. Македонија
За насЕкспрес Бук
Експрес бук ЕЛТ дооел Скопје е ексклузивен дистрибутер на Британско-Грчкиот издавач Express Publishing (1988 g.), и сите негови изданија за изучување на англискиот јазик за сите возрасти.
Пронајдете неЛинкови до социјални мрежи
Поврзете се со нас на следните профили:
За насЕкспрес Бук
Експрес бук ЕЛТ дооел Скопје е ексклузивен дистрибутер на Британско-Грчкиот издавач Express Publishing (1988 g.), и сите негови изданија за изучување на англискиот јазик за сите возрасти.
Пронајдете неЛинкови до социјални мрежи
Поврзете се со нас на следните профили:

Сите права се задржани – Експрес Бук.
Развиено од Клевер Маркетинг

Сите права се задржани – Експрес Бук.
Развиено од Клевер Маркетинг